Медиумски анализи
Од море на информации до јасна насока
Од морето на информации ви креираме јасна слика со помош на моќните алатки за медиумска анализа на СЕТТЕ. Ние го претвораме огромниот медиумски материјал во јасни податоци што ви помагаат при донесувате подобри одлуки, да ја измерите ефикасноста на комуникацијата и да ја заштитите вашата репутација.
🔍 Квалитативни и квантитативни анализи
Одиме подалеку од обичното следење на медиуми. Нашиот тим на аналитичари го проценува тоналитетот, релевантноста и влијанието на секое Ваше спомнување во печатените, онлајн, електронските и социјалните медиуми. Ќе дознаете не само што било објавено, туку и како, каде и зошто тоа е значајно за Вас.
📊 Прилагодени извештаи и визуелизации
Добивајте прегледи, медиумски сумирани извештаи и анализи на кампањи прилагодени на Вашите потреби. Јасно визуализирајте трендови, споредете медиумска вредност, следете тоналитет и идентификувајте клучни пораки — сето тоа преку визуелни и лесно разбирливи податоци.
📈 По барање или редовно
Потребен ви е еднократен извештај по завршена кампања? Или неделни брифинзи за менаџмент тимот? СЕТТЕ испорачува структуирани и доверливи извештаи — кога ви се потребни и во формат што вам ви одговара.
💡 Донесувајте подобри одлуки
Со соодветна анализа, медиумското покривање станува ваш стратешки ресурс. Искористете ги увидите за да ја насочите ПР стратегијата, да ги оправдате трошоците, да го прикажете повратот на инвестицијата и да управувате со ризиците и можностите на време