LEARN ABOUT OUR JOURNEY, VALUES, AND VISION

A motion partner building brand-led identities, systems, and applications.

Почетоците

Нашата приказна започна во 2008 година – без финансии, но со идеја, храброст, опрема од дома и мала соба. Визијата ни беше едноставна: да ги обезбедиме сите медиумски спомнувања, од сите медиуми, во реално време.

Прераснување во лидер

Со фокус на дигиталните медиуми, SETTE брзо прерасна во водечка компанија за мониторинг и анализа на медиуми во Северна Македонија. Пресвртниот момент беше преминот од традиционална Прес-клипинг услуга во автоматизиран и интелигентен систем за медиумски мониторинг.

Во 2014 година, го забрзавме развојот со формирање на сопствен ИТ оддел — станувајќи и софтверски развивач и давател на услуга во исто време.

Постојана адаптација

Од самото основање, SETTE постојано го прилагодува медиумскиот панел на динамичниот медиумски пејзаж. Како резултат на тоа, континуирано го прошируваме медиумскиот опсег и платформите наменети за клиентите.

Нашата SaaS платформа постојано се надградува, со поддршка од нашиот интерен развоен тим.

Технологија за луѓето

Во SETTE, експертизата се спојува со технологијата. Со повеќе од една деценија искуство, ви обезбедуваме прецизни анализи, прилагодени информации и навремени известувања.

Го гледаме медиумскиот мониторинг како специјализирана дисциплина – не само како дополнителна услуга. Нашиот тим го сочинуваат обучени професионалци кои го разбираат вашиот сектор и знаат што точно е важно за вас.

Посветени на клиентите

Горди сме што поддржуваме најразлични клиенти – од државни институции и водечки компании, до мали бизниси и врвни академски институции низ цела Северна Македонија.

Без разлика на големината, посветени сме секој ден да испорачаме вредност и увид.